ЗА НАС

МДН Обезбедување ги следи  најновите  трендови  и  користи  најсовремена опрема  во  приватното  обезбедување,  односно  при обезбедувањето објекти, имоти и лица.

Наша стратешка определба како компанија е нашиот раст и развој да се базира на овозможување на квалитет и задоволство на корисниците на нашите услуги. Професионалниот однос кон услугите што ги нудиме е одраз на квалитетен краен производ – Безбедност и заштита .

Нашата визија е јасна , само со правилно поставена орагнизациска , мотивирачка и безбедна работна средина до успешна компанија во дејноста приватно обезбедување.

Менаџерскиот тим на МДН Обезбедување  е секогаш високо мотивиран да даде помош и поддршка на своите корисници на услуги, затоа што само така се гради позитивен професионален имиџ. Toa е вистинскиот пат за јакнење на довербата со заедницата и  само така се овозможува нивна секојдневна состојба во која што преовладува стабилност, сигурност и безбедност.

Имплементација на стандардите за работа и политиката за квалитет се под надзор на менаџерите на агенцијата, кој е во постојан контакт со клиентите и вработените, со цел за да се задржи и подобри високото место во областа на обезбедувањето.

Вработените во МДН обезбедување својата работа ја извршуваат внимателно и одговорно.  Тие  во  текот  на  работењето  се грижат за безбедноста на лицата и објектите кои ги заштитуваат на професионален и одговорен начин.

Нашите вработени се доверли личности  со  развиени  способности  за  препознавање  на потенцијалните закани  и  ризици  по  лицата  и  објектите  кои  ги обезбедува.

Вработените во МДН обезбебедување поседуваат:

  • Интегритет;
  • Моќ на перцепција;
  • Критичко размислување;
  • Комуникациски вештини;
  • Психолошка проценка;
  • Флексибилност;
  • Почитување;
  • Тимска работа;
  • Постојано се усовршуваат и да ги надоградува своите вештини и знаења преку семинари, работилници, обуки и сл.
  • Физичка подготвеност  на вработените е на високо ниво
  • Поседуваат развиени вештини на самоодбрана за да може да одговори на предизвикот и да ја стават ситуацијата  под  контрола.
  • Основно начелно во работењето е почитување на  законските  норми  при  употреба  на  сила,  средства  за присила  и  огнено  оружје  под  услови  и  во  ситуации  кога  тоа  исклучиво само е неопходно.
  • Добро познаваат странски јазици и се психо-физички спремни за извршување на своите задачи.

Тимот МДН го сочинуваат мотивирани и професионални лица. Сите вработени поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување, поседуваат безбедносна култура и однос кон секој клиент.

Pin It on Pinterest

Share This