МДН Обезбедување има сигурна и долгорочна соработка со своите партнери и клиенти и има за цел да постави нови стандарди во областа на физичка и техничка заштита на имот со квалитетни и пристапни цени на пазарот.

Со нашиот професионализам, ние сме подготвени да одговориме на сите барања на нашите клиенти и добро да ја извршуваме секоја задача и предизвик што е пред нас.

Нашата лепеза на услуги од приватното обезбедување има широк дијапазон и опсег на активности во општественото и бизнис живеење. Па оттука нашата компанија е присутна во голем дел од животот и економијата во државата.

Со ефикасна примена на јавните овластувања кои како компанија ги имаме согласно Законот на приватно обезбедување, за Вашите потреби или потребите на вашиот бизнис може да добиете навремени информации или увид во Вашата безбедност.

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Физичка безбедност подразбира целосна заштита на лицата, сите видови на предмети и работи во нив, односно постојано или привремено присуство на вработени во заштитена објект со цел да се заштитат од отуѓување, оштетување, пожар и други несакани настани. Физичката безбедност на објектите е прилагодена на специфичните потреби и барања на клиентите, како и применливите законски прописи и прописи.

Физичката безбедност се врши од страна на лиценцирани и обучени униформирани службеници кои целосно ги исполниле пропишаните услови за безбедносната активност. Внимателен избор на вработени, постојана обука и подобрување на нивните вештини, како и постојана контрола, се гаранција за професионално обезбедување на оваа услуга. Секој од нашите вработени кои се занимаваат со физичкo обезбедување се избира според однапред одредени услови каде посебно внимание се посветува на здравствениот статус на работникот и психофизичката способност. За секој наш вработен, безбедносните проверки беа спроведени согласно законската регулатива.

Физичката безбедност се заснова на јасно дефинирани процедури, усогласеност со внатрешните прописи за работа и дисциплина на службениците, со цел да се спречат можните несакани или ирелевантни дејства.

Со целосна посветеност на потребите на клиентите, МДН Обезбедување ви обезбедува современа и ефикасна работа во објектите кои ни се доверени за чување.

Понудата за услуга од областа на физичкото обезбедување  ја дизајнираме и организираме во согласност со Вашите барања и потреби и тоа во форма на внатрешно или надворешно обезбедување. Истовремено високо сме мотивирани професионално да одговориме со организирање на соодветна заштита и одржување на јавниот ред на сите Ваши важни јавни случувања, настапи, промоции, манифестации и сл.

МОНИТОРИНГ –ПАТРОЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Мобилната безбедност ги вклучува следните услуги и производи:

Следење на алармните ситуации

Во случај на алармантна ситуација, центарот за следење веднаш го известува мобилниот тим и полицијата за состојбата на алармот и го испраќа мобилниот тим во објектот со цел да го обезбеди тоа до пристигнувањето на полицијата, брза помош или пожарникари.

Центарот за следење 24 часа секојдневно ги следи алармните ситуации и управува со мобилните тимови распоредени низ различни територии.

Известување на клиенти за вонредни настани.

Испраќање неделни и месечни извештаи.

Понудата за услуга од областа на мониторинг – патролно обезбедување ќе ја дизајнираме и организираме преку 24-часовен надзор над вградените техички системи и уреди за обезбедување, преку контрола на пристап, отварање и затварање, противпожарна заштита, пртивпровална заштита, видео надзор и со ангажиарање на работници и патролни возила заради спречување на штетни дејства и по пристигнат алармен сигнал во нашиот Центар за обезбедување и надзор. Опремен со најсовремена дигитална технологија, произведена по светски стандарди од областа на брзбедноста, нашиот Центар за обезбедување и надзор овозможува навремена детекција и професионална услуга. Вработените во Центарот се стручни и обучени за ракување на системите и спроведување на работните задачи согласно Стандардизирани Процедури за постапување при дојави или настани.

Патролно обезбедување како суштински дел е соодветно организиран преку преземање на безбедносни мерки со систематски обиколки и со претходно изработен план и распоред.

Нашата цел е обезбедување на ефикасен систем на заштита на Вашиот дом или имот.

ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Понудата за услуга од областа техничко обезбедување, ја претставуваме преку продажба, инсталирање, одржување и мониторирање на системите за видео надзор, протовпожарни системи, системи за детекција, дојава за провала и кражба, системи за контрола на пристап и евиденција на работно време, видео-домофонски системи, автоматски бариери и автоматика за врати, детекција на метали, ладно оружје, оружје, опасни метали и хемикалии  и сл., кои нашата комапнија ќе ги инсталира на Вашиот имот или објекти, со цел навренео спречување на било какви противправни дејства и со цел:

  • детекција на напад, недозволен упад или насилна повреда на просторот;
  • детекција на кражба;
  • детекција на појава на пожар или поплава;
  • контрола на пристап на лица во Вашите објекти;
  • евиденција на лица, вработени и посетители;
  • автоматска контрола на пристап, капии, врати, бариери;
  • детекција на внес или изнесување на недозволени предмети во и од Вашите објекти .
  • детекција на метали, оружје или опасно орудие, хемикалии и сл.

Истовремено, МДН обезбедување како компанија е одговорна за поставените средства и уреди и гарантира за исправноста на вградените технички средства и уреди. Вработените во техничкото обезбедување во МДН Обезбедување се лиценцирани и сертифицирани согласно одредбите од Законот за приватно обезбедување, Закон за заштита на лични податоци и Закон за безбедност и заштита на здравје при работа и ИСО Стандардот за квалитет, околина и безбедност. Нашите вработени своите работни ангажмани ги организираат согласно стандардизираните процедури за техничко обезбедување и мониторинг-патролно обезбедување имплеменитрани во нашата компанија.

ВИДЕО НАДЗОР И МОНИТОРИНГ 24 ЧАСА НОН СТОП

МДН Обезбедување нуди комплетна заштита на вашиот објект, од вас е да одберете кој технички систем за заштита сакате, и ние ќе сториме сè друго.

Мерки и активности за техничка заштита кои ние сме во состојба да ви ги обезбедиме се:

  • Инсталација и монтажа на техничка опрема за видео надзор
  • Монтирање и инсталација на системи за противпожарникарство
  • Вградување и инсталација на системи за контрола на пристап

Она што е најважен сегмент во системот за техничка заштита е услугата за следење на алармот.

МОНИТОРИНГ НА АЛАРМ (далечински мониторинг) е еден вид на безбедност кој работи со поврзување на вградените алармни системи со објектот на корисникот со нашиот Мониторинг Центар.

Нашите искусни оператори ја следат работата на поврзаните алармни системи преку најновиот софтвер. На овој начин, објектот е 24 часа под будното око на нашиот оператор преку безбедносни камери со висока HD резолуција и современи серверски системи, неопходни за пренос на сигнал преку интернет мрежа до нашиот Центар за обезбедување и надзор или преземање на Ваши веќе постоечки инсталирани системи.

Со поставување или преземање на безбедносните системи кои овозможуваат снимање во одреден период, при одредени движења или снимање без прекин, нудиме мониторирање на безбедносната состојба во реално време и навремено детектирање на несакани појави или натрапници на Вашиот имот или простор, во или вон работно време.

МДН Обезбедување, Ви нуди услуга обезбедување на транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки. Обезбедување на пренос на пари и други вредносни пратки за Ваши потреби ќе организираме во случај кога вкупната вредност на Вашата пратка е до 50 000€. За обезбедување на транспорт на поголеми вредности, согласно позитивните законски прописи, нудиме обезбедување со специјално блиндирано возило и вооружени работници, обучени по специјализирана тренинг програма за транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки. Во секоја преземана активност, професионалноста на дадената услуга ја потврдуваме со организирање активности за навремено планирање и преземање на пре­вентивни безбедносни мерки, спроведување на систем на техничка заштита, изработка на оперативен план за спроведување на транспортот, определување на мерки­ за обезбедување и изготвување на безбедносна проценка за сите фази на транспортниот циклус.

Безбеден пренос и транспорт на пари и други вредносни пратки од почетна до крајна дестинација со посебно опремено возило во нашата компанија се организира на начин и со средства пропишани со Законот за приватно обезбедување, истовремено при организиарње на овие активности во целост се имплементирани насоките и безбедносните мерки, пропишани во стандардизираните процедури за овој сегмент од дејноста приватно обезбедување.

Pin It on Pinterest

Share This