ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ОКОЛИНА И БЕЗБЕДНОСТ
,,МДН Обезбедување,,

МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ја утврдува оваа политика за квалитет, околина и безбедност заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на купувачите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања од областа на приватаната безбедност и во согласност со важечките законски прописи и националните и меѓународни стандарди.

Имплементација на стандардите за работа регулирани со ISO и политиката за квалитет се под надзор на менаџерите на агенцијата, кој е во постојан контакт со клиентите и вработените, со цел за да се задржи и подобри високото место во областа на обезбедувањето. Тимот го сочинуваат мотивирани и професионални лица.

Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ја мери и одредува својата вкупна успешност.

Исполнувањето на стандардите и нивна доследна примена доведува до остварување на поставените цели на компанијата.

Примената на стандардите влијае кон подигнување на свеста за значењето на превентивното делување.

Примената на стандардите од страна на сите вработени доведува до зголемување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди компанијата, односно сведување на минимум на евентуалните рекламации на услугите.

Примената на стандардите и политиките на квалитет го зголемува бројот на клиентите и воено раст на профитот на компанијата.

Политиката на квалитет овозможува зајакнување на довербата на корисниците на нашите услуги и производи и нивната сугурност.

Нудиме диверзификација на услугите со висок квалитет.

Грижа за задоволството на клиентите и прилагодување на посебните потреби и барања на лицата, компаниите и организациите користи на услугите на МДН Обезбедување.

Имаме одлична организација на работата, иновациите и услугите и менаџирање на системот на квалитет.

Наша цел е утврдување и исполнувања  на барањата на корисникот согласно законските прописи и регулатива. Зголемување на нивното задоволство и воспоставување на меѓусебна лојалност.

МДН Обезбедување егизистира и постои за своите клиенти, затоа ги негува односите со нив, ги разбира нивните потреби, и секогаш настојува да им прижа повеќе од очекуваното во гарантирањето и овозможувањето на чувството на сугурност и безбедност.

Планирај, сработи, исполни, провери, делувај се задолжителните процеси низ кои поминуваме при нашетот секојдневно работење.

За да ги постигнеме, одржиме и зајакнеме тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува;
  • Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за попријатна работа;
  • Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите;
  • На корисниците на услуги да им понудиме најоптимални и целосни решенија;
  • Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на корисниците на услуги;
  • Да  водиме грижа за животната срeдина и околина;
  • Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси;
  • Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање;
  • Одговорност кон вработените преку воведување на безбеносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми;
  • Соработка со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да допринесеме за подобрување на безбедноста и здравјето при работата;
  • Да ги применуваме и подобруваме ефикасноста на системите за управување со квалитет, околина и безбедност втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001 и да  тежнееме кон надминување на висината на тие барања;
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитетот, околината и безбедноста.

МДН Обезбедување

Pin It on Pinterest

Share This