ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ОКОЛИНА И БЕЗБЕДНОСТ
,,МДН Обезбедување,,

МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОО ја утврдува оваа политика за квалитет, околина и безбедност заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на купувачите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат во согласност со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.

Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОО ја мери и одредува својата вкупна успешност.

За да ги постигнеме, одржиме и зајакнеме тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува;
  • Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа;
  • Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите;
  • На корисниците на услуги да им понудиме најоптимални и целосни решенија;
  • Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на корисниците на услуги;
  • Да  водиме грижа за животната срeдина и околина;
  • Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси;
  • Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање;
  • Одговорност кон вработените преку воведување на безбеносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми;
  • Соработка со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да допринесеме за подобрување на безбедноста и здравјето при работата;
  • Да ги применуваме и подобруваме ефикасноста на системите за управување со квалитет, околина и безбедност втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001 и да  тежнееме кон надминување на висината на тие барања;
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитетот, околината и безбедноста.
Скопје,
Управител
Киро Стојаноски
МДН Обезбедување ДОО

Comments are closed.